СДК: Три фирми добиле 1,5 милиони евра да ги чистат патиштата, Македонија блокирана од 20 см снег

„Македонија пат“ има договор вреден 1,5 милион евра со 3 приватни компании за ангажирање механизација за чистење на патиштата.

Според Електронскиот систем за јавни набавки, договорите се склучени со Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово за над милион евра, со Друштво за производство, трговија и услуги ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште Зајас за 113.000 евра и со Друштво за превоз, производство, трговија и услуги ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар за 323.000 евра. Предмет на договорот е патни работи во зимски услови на сите државни патишта во РМ за сезона 2016-2017. – пишува порталот САКАМ ДА КАЖАМ.

Во тек е тендер на „Македонија пат“ вреден 1,1 милион евра за набавка на сопствена опрема за чистење на снег. Тендерот е објавен на 9 ноември, а понудите требало да се отворат на 19 декември.

Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента. Во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег.

Затворен е и магистралниот пат Штип – Кочани. Поради снежни наноси од селото Крупиште до бензиската пумпа „Ваго“ сообраќајот е во прекин, соопшти АМСМ.

Извор: САКАМ ДА КАЖАМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e