Санта Аргирова е предлогот за нов уредник на Информативната програма на МТВ?

Санта Аргирова по се изгледа е предлогот за нов уредник на Информативната програма на МТВ, дознава А1 он. 

Утре е договорениот рок кога најголемата опозициска партија на лидерската средба ќе го предложи името на уредникот, кој во 100-те дена пред изборите, ќе се избори за рамноправен третман на политичките субјекти во изборната трка и професионалност на вестите на Јавниот сервис.

Информацијата не е официјално потврдена, но А1он дознава дека од неколкуте кандидати во најтесен избор останале две имиња, и двајцата познати новинари со стаж во МРТВ, и дека Аргирова е една од нив.

Предлогот за Аргирова треба да биде прифатлив за сите потписнички на договорот.

Санта Аргирова новинарската кариера ја започна во МТВ, работеше во надворешно-политичката рубрика, потоа во МНР во кабинетот на министерката Илинка Митрева, ТВ Телма и Алфа.

Нејзиниот став за медиумската сфера и за Јавниот сервис е јасен: граѓаните заслужуваат вистинска и навремена информација, и затоа медиумите треба да работат професионално, а МТВ да е Јавен сервис, а не сервис на било која политичка гарнитура.

Во последните години, иако не се откажува од новинарството, препознатлива е и по влегување во други води. Нејзиниот првенец, „Патот за Дрезден“, наиде на одличен прием и кај публиката и кај критиката. Својата дарба ја докажа и во втората книга „Добро утро Јаков“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e