Русковска ќе бара одговорност и кај министерот Спасовски за бегството на Груевски

OЈО за организиран криминал и корупција, во предистражната постапка за бегството на екс премиерот Никола Груевски, ќе истражува дали има пропуст и одговорност и кај врвот на МВР, кај министерот Оливер Спасовски и директорите на БЈБ и УБК, како надлежни за обезбедување и проценки за бегство на поранешниот премиер на Македонија.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека нејзиното обвинителство во наредните две недели ги очекува снимките од безбедносните камери од Црна Гора и тоа од граничните премини Албанија – Црна Гора и Црна Гора – Србија, за да се види кога, со помош или сам, со кого и на кој начин влегол и излегол избеганиот Груевски.

-Колегите воспоставија соработка и со органите на Албанија. Но, нас не интересира и што ни се случило овде, во нашиот двор. Во МВР се води интерна истрага за евентуални пропусти и незаконитости во рамки на Министерството. А за тоа што ме прашувате дали може раководството на МВР само да се истражува, ќе ви одговорам дека тој дел, министер и директори е работа на Обвинителството, изјавила Русковска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Одговорност ќе истражува и кај СЈО, зошто не побарало мерки за Груевски по изрекувањето на пресудата, но и кај судијата за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1. Русковска вели дека нема да излегува со информации додека не дојде до конкретни докази каде е пропустот за бегството на осудениот експремиер, кој има уште 4 судења, а од вчера и две нови обвиненија, но и истраги за многу потешки кривични дела од ова за кое избега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e