Пропадна компромисниот предлог на Финска за Северна Македонија

Не поминаа заклучоците на финското претседателство на вечерашниот состанок во Луксембург на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, дознава Телма од извори од македонската влада упатени во текот на состаноците.

Ова значи дека предлогот на Финска да се даде датум за почеток на преговори со Македонија, а во меѓувреме да се промени методологијата на преговарање на која инсистира Франција, е одбиен и за него ќе расправаат министрите за надворешни работи, утре во Луксембург.

Франција на вечерашниот амбасадорскиот состанок не поддржала ниту одвојување на Северна Македонија од Албанија, ниту пак ги прифатила предлозите на финското претседателство.

Холандија и Данска, кои имаа резерви кон проширувањето, се за одвојување на Македонија од Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e