Програмата за социјална сигурност на жените земјоделки е ставена на маргините, рече Николовски по повод Светскиот ден на руралната жена

Денес е Меѓународниот ден на жената од руралната средина, 15-ти октомври.
Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги сподели фактите и резултатите од нивната визија преточена во макотрпна работа кога се во прашање политиките и мерки за руралните жени:

463487490_1079924300168072_772351176874365553_n
✅ Уште во 2018 година, во соработка со Националната Федерација на фармери, со министерството за труд и социјална политика, We Effect, Рурална мрежа, Рурална коалиција и Факултетот за земјоделски науки и храна, потпишавме декларација и започнавме со креирање на посебна мерка „Рурална жена“,
✅ вкупно 320 жени добија грант за набавка на опрема од 3 и 6.000 евра токму преку оваа нова мерка „Рурална жена“,
✅ во 2020 за прв пат донесовме Правилници за продажба од куќен праг, преку кои создадовме услови на легален начин да можат да се продаваат убавите и традиционални производи од животинско и неживотниско потекло, приготвени од вредните раце на нашите вешти рурални жени,
✅ за прв пат креиравме и нови програми за малите производители од праг преку кој 67 жени земјоделки добија инвестициски грант од по 10.000 евра и тоа:
✅36 жени грант за производство на храна од неживотинско и 3 жени за храна од животинско потекло,
✅25 жени се добитници на грант за мали винарии, 3 за мали дестилерии,
✅ За прв пат воспоставивме Национален саем за храна и пијалоци во Скопје со над 400 изложувачи и повеќе од 2000 домашни традиционални производи. Токму овој саем на едно место ги собира резултатите од мерката за поддршка на руралната жена, младиот земјоделец, малите семејни винарии и малите производители на храна.
✅ 290 жени добиле грант за мерката „Млад земјоделец“,
✅115 добиле грант за инвестиции преку најновата мерка „Бизнис план“,
✅ 626 жени добиле трактор,
✅ 111 добиле финансиска поддршка за набавка на системи капка по капка,
✅158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 12 жени добиле комбајн за ориз, 7 жени добиле комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 за опрема за тутун.
✅ За прв пат донесовме програма за платено отсуство за мајчинство на жените земјоделски и тоа во износ од 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.
✅ Клучниот факт е што со овие мерки за 6 години имаме нови 9.000 регистрирани жени земјоделки.

463300217_1079924313501404_3580266826843577863_n– Наместо да продолжи оваа визија или да промовираат своја политика, безидејната Влада во повеќе од 100 дена нема објавено ниту еднен повик за ниту една мерка, а на постоечките мерки кои ги спроведувавме неколку години, ги намалија буџетите со ребалансот, а Програмата за социјална сигурност на жените земјоделки за жал е ставена на маргините на приоритетите, рече Николовски.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e