Проектот за консолидација на земјоделското земјиште денеска беше презентиран и во Струмица

Со поддршка и во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – #ФАО, продолжија регионалните работилници за реализација на проектот “MAINLAND”, за консолидиција на земјоделското земјиште, финансиран од Европската унија.

Денеска ,во Струмица, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со техничкиот советник на ФАО, Вилма Даугалиене, и градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, ги презентираа придобивките и начинот на спроведување на консолидацијата односно окрупнувањето на земјоделското земјиште.

23435185_2059786567576205_3953368791272236387_n

Како што изјави министерот, консолидацијата е вистинскиот начин за окрупнување на земјоделското земјиште, со кој ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, што крајно ќе значи помали трошоци, полесен пристап до системи за наводнување и создавање на продуктивно и конкурентно земјоделско производство, што е еден од клучните приоритети на Владата.

23231469_2059786614242867_4801189139935461247_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e