Премиерот Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Претседателот на владата Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Делегацијата предводена од премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 72. генерално собрание на ОН кое неделава се одржува во Њујорк.

Првата дебата на Генералното собрание се отвори во вторникот, кога свое премиерно обраќање во ОН имаше претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп.

Во своето обраќање Трамп меѓу другото порача да се направат структурни реформи во ОН со намалување на бирократијата и вработениот кадар.

Во текот на изминатите неколку денови Заев учествуваше на повеќе настани и имаше низа значајни средби со лидери од Европската унија, но и со лидери на други земји, а во понеделникот тој оствари кратка средба и со Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e