Постои шанса законот за јавно обвинителство да се донесе до 11 февруари, смета Заев

Шанса да се донесе Законот за јавно обвинителство постои и тој ќе се донесе до 11 февуари, оцени лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, со кој, како што рече, една од темите на разговор бил и законот за јавно обвинителство.

Тој истакна дека нема да дозволат пролонгирање или купување време, и дека ќе се гласа законот до 11 февруари.

-Дали ќе има двотретинско мнозинство или нема да имаме ќе видиме на крајот. Мислам должни сме према државата. Должни сме према државата да го ставиме на изјаснување. Дотогаш да направиме се, дај боже да има 80 и повеќе би бил најсреќен ако има консензус. Силна порака е за имплементација. Но, работиме и верувам дека можеме успешно да стигнеме со неопходното двотретинско мнозинство за овој закон. Така што, никој не може да каже ништо, ние сме само со позитивно очекување. Зошто сум позитивен јас, значи ако некој сака да најде маана ќе најде маана. Нема потреба, нема веќе СЈО, тоа е завршено, нема потреба да се бараат рачки во самиот закон заради тоа што ги нема. Се што на некој му смета, а е во духот на европската агенда немаме проблем ние тоа да го прифатиме, така што верувам дека може да се постигне решение, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ