Последна шанса за Хан!

Македонија стигна на работ на пропаста форсирајки ја стабилноста за сметка на правото, правдата, демократичноста, пристојноста и очовеченоста. Низ политички пракси во кои глумеше дека ги спроведува рецептите на Европската комисија, која, пак, низ извештаите на своите надзорни органи, глумеше дека во вмровска Македонија гледа успешна приказна.
Во таа десетгодишна фарсична офанзива или офанзивна фарсичност, Македонија ги загуби правдата, правото, демократијата, слободата и пристојноста, при што се покажа дека во празнината што настана на местата на овие вредности, не е можно да се постават темелите ниту на најминималната стабилност.
Со други зборови беше направен темелен губитокот без најминимални остатоци.
Широка коалиција денеска значи формација во која нема да има место за Злосторничкото здружување кое ни го приреди и на нас и на Брисел, овој пораз без преседан, а ќе има битно пореалана позицинираност на Европската комисија, која многу тешко може да се изведе во присуство на еврокомесарот Хан. Веројатно последната шанса за рехабилитација на неговата позиција е категоричната дистанца од режимот на Груевски. Ако е тоа агендата на неговата посета- добро, но ако повторно, во името на стабилноста, ќе сака да ги качи во ист пајтон терористите и тероризираните, тогаш е подобро да слета во Приштина. Тука е неподнослива густината на смртоносната магла што излегува од машините на власта!

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e