Плусинфо: Тројца пратеници го напуштаат ВМРО-ДПМНЕ, не се плашат од активирање меници

Најмалку двајца пратеници и една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од партиското раководство решиле да ја напуштат партијата, неофицијално дознава Плусинфо. Според неофицијалните информации, тие веќе разговарале со партиите од десниот блок каде планираат да преминат. Се очекува деновиве ова да биде официјализирано и да бидат објавени имињата на пратениците. – пишува порталот Плусинфо.

Од ВМРО-ДПМНЕ јавно почна да се дистанцира пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, кој упати и отворено писмо до јавноста. Дека Наумовски е во немилост на ВМРО-ДПМНЕ покажа и случката во собраниската сала на седницата за распуштање на парламентот, кога Наумовски се пријави за збор, по што му пристапи координаторот Илија Димовски. Што точно зборувале останува мистерија, но факт е дека после тој разговор Наумовски не излезе на собраниската говорница. Во отвореното писмо Наумовски напиша дека со ова распуштање на Собранието, македонската дијаспора ги губи своите претставници, а за возврат им е наметнато од сегашните три пратеници да имаат можеби 1 пратеник.

„Од водењето на ваквата политика, незадоволството е се поголемо… Затоа, мои колеги е создадено и ФРОДЕМ, зарем ќе останеме слепи и глуви, зарем незадоволството на народот ќе го скриеме под тепих и после тоа ќе бидеме изненадени. Затоа, колеги мои, сите западноевропски земји ви порачуваат дека: Целосната власт, целосно корумпира“, напиша Наумовски.

Неофицијално ВМРО-ДПМНЕ има проблеми и со составување на пратеничките листи, бидејќи најмалку тројца личности од партиската елита одбивале да бидат ставени на добитни пратенички места.

Во медиумите се појави информација дека Антонио Милошоски нема да се кандидира на претстојните избори.

– Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа – наводно изјавил Милошоски на вчерашната прес конференција во Битола, објавија некои медиуми.

Денеска, пак, од него стаса друга изјава, во која не кажува јасно дека ќе биде на пратеничките листи.

– Ќе бидам дел од политичката трка. Секоја друга професија која што би можел да ја работам како професор, нотар или научен соработник, ќе биде во мирување сѐ додека имам поддршка од граѓаните и од партијата да извршувам обврски во интерес на државата – изјави Милошоски за МКД.мк.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e