Плевнелиев: Бугарија виде само добро од ЕУ и НАТО, Македонија има историска шанса

Постојат моменти кога судбината подава рака и таа треба да се прифати. Македонија е исправена точно пред таква ситуација. Таа има уникатна историска шанса, истакна поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, во однос на процесот во парламентот за уставни измени според Договорот од Преспа.

Како што рече тој на дискусијата на тема „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија“, во организација на Европскиот совет за надворешна политика (ЕСВП) со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, пред две децении Македонија била десет години пред Бугарија, но денес е најмалку десет години зад Бугарија.

– Се што е добро и кое и се случи на Бугарија во последниве години е благодарение на нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Од 1999 година наваму само странските инвестиции во земјата изнесуваат над 40 милијарди евра – порача истакна Плевнелиев.

Тој смета дека постојат три можни сценарија за развојот на Македонија. Притоа, според него, првото е да бидат усвоени уставните промени од македонскиот Парламент и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио, пак, вели екс бугарскиот претседател, се нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во Македонија.

-Третото сценарио е негативно и Македонија може да западне во тотална изолација, а и можна целосна дестабилизација – предупредува Плевнелиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e