Петровска: Целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина. Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина, а политичките изјави се само чекор од деескалацијата, но треба да се види и придвижување на теренот за таа цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e