„Петоци за иднината“: Ќе ја радикализираме борбата со сите методи на граѓанска непослушност кои ни се на располагање

Од иницијативата „Петоци за иднината“ најавуваат дека од почетокот на претстојната година, откако ќе истечат роковите за нивните барања и ќе запре ветерот, ќе ја радикализираат борбата со сите методи на граѓанска непослушност кои им се на располагање.

„Изминативе денови ветерот го расчисти воздухот над Скопје, а празничниот дух на радост и оптимизам ја завладеа атмосферата меѓу луѓето. Поради ова и многумина кои беа дел од претходните изданија на #ЗеленаРеволуција денеска ќе останат дома. Меѓутоа, ветерот не го контролираме ние, а Нова Година ќе помине и пак се ќе остане исто.

Ние не забораваме дека првиот рок за Владата да ги исполни барањата на Зелен Фронт е крајот на годината. Шансите за тоа во моментов се минимални.

Сепак, имаме и разбирање за граѓаните. Во овие моменти ни е потребна надеж и позитивно размислување. Затоа попладнево не е само протестен марш туку и можност за дружба, за креативни пораки и меѓусебно запознавање меѓу млади и стари.

Маршот попладневно е пред се начин граѓаните да видат дека не се осамени во желбата за здрава животна средина. Ве очекуваме во 17 часот пред Министерство за животна средина со шаренило од транспаренти, песни и топли срца.

А од почетокот на 2020-та, откако ќе истечат роковите и ќе запре ветерот, ќе ја радикализираме борбата со сите методи на граѓанска непослушност кои ни се на располагање. Се гледаме на улица!“, велат од иницијативата „Петоци за иднината“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e