Пендаровски: Време е за обединување околу нашата иднина (ВИДЕО)

Убеден сум дека сега е време да покажеме единство. Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина и иднината на следните генерации. Убеден сум дека ако работиме заедно ќе успееме. Во овие моменти најмалку што ни е потребно е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени членки на ЕУ.

Ова го истакна во обраќањето до граѓаните на претседателот Стево Пендаровски по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решаваше за пристапните преговори со Северна Македонија.

-Сега е најважно ние самите уште еднаш да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатланските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ знаеме одамна нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја единствениот исправен пристап имајќи ги предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Не треба да бидеме само формални членки на Унијата туку реално да го усвоиме системот на вредности и да гио примениме во секојдневниот живот, рече Пендаровски.

Соопшти дека добил потврда од големите политички партии дека ќе учествуваат на лидерската средба што ја занкажал за во недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e