Пановски: „Ла верита“ пишува лаги!

Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци.

Ова за Дојче веле го изјави обвинителот Наум Пановски откако италијанскиот весник „Ла верита” објави дека тој „сведочел пред републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, дека (по блокирањето на парите за пензионерката Тодоровска уплатени од ГП „Пелистер“ – н.з) следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите”.

Тврдењата на „Ла Верита“ воопшто не соодветствуваат со фактите. Рускоска беше избрана за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14-ти ноември 2018 година.

„Ла верита“ пишува дека дека „во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови”.

Но, парите на Тодоровска (719.000 евра) не и биле префрлени во ноември 2018 година како што наведува италијанскиот весник, туку една година претходно – ноември 2017 година. Истите биле деблокирани речиси по шестмесеча истрага – на 12-ти април 2018 година, а подигнати од Тодоровска следниот ден. Тоа е точно седум месеци пред Рускоска да биде назначена за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое во тој период имаше назначено вршител на должноста – обвинителката Гордана Самаќоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e