ОПУСТОШЕНИ ПОСЕВИТЕ НА ОХРИДСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ МЗШВ се прогласува за ненадлежно

Вистински пустош врз посевите со земјоделски култури прават групи од диви свињи на брегот на Охридското Езеро на потегот од Студенчишкото блато до Св.Стефан, објави телевизија 24.

Земјоделците се жалат дека дивите свињи се од НП Галичица, поради забраната за лов премногу се намножиле па се симнуваат дури до градот во потрага по храна.Така секојдневно уништуваат по стотици метри квадратни насади со пченка, пченица грав,винови лози.Граѓаните ги оградувале нивите но залудно, штетите велат се се поголеми.

Барале од повеќе институции да им помогнат во решавање на проблемот кој од година во година е се поголем,но досега повеќето од нив наместо да им излезат во пресрет се изјасниле како ненадлежни.

Од НП Галичица велат се преземаат соодветни мерки во рамките на овластувањата на паркот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e