Одлична вест за земјоделците: Објавен е тендерот за зелена нафта!

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација или т.н зелена нафта.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на 19 овој месец, најави дека деновиве ќе биде распишан тендерот за зелена нафта, така и се случи.

ze;ena nafta_oglas

-Во текот на наредните денови ќе биде распишан тендерот за набавка на зелената нафта согласно со сите постапки и процедури, неопходни за воведување една нова мерка во Програмата за директна поддршка за 2019 година, најави министерот Николовски при посетата на Прилеп.

-Обезбедени се над 200 милиони денари за покривање од 30 отсто за првата година, со можност до 50 отсто следните години што ги дава Законот. Оваа нова мерка годинава за првпат ја тестираме. Тендерот ќе трае 70 дена, по што ќе бидат дистрибуирани зелените картици до корисниците и до средината на годинава ќе се реализира, рече Николовски и нагласи дека средствата се веќе обезбедени.

ljupcho_prilep

Исто така, како што посочи Николовски, од оваа година, Министерството ќе го спроведе ослободувањето од персонален данок и следниве денови ќе се прецизира заедно со УЈП.

-Со промените на Законот за ослободувањето од персонален данок, го поместивме лимитот од 300.000 денари на еден милион денари приход. Така што и оваа нова мерка наредниот период ќе им се објаснува на фармерите, рече Николовски.

Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, вели дека 5 денови ќе трае техничкиот дијалог и можноста за поставување прашања, а веќе 8миот ден ќе се одржи состанок со сите апликанти кои ќе пројават интерес за учество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e