Извештај на Транспаренси Интернешенл: Од напредок од 24 места во 2021 година до пад од 12 места во 2024, Македонија во друштво на Казахстан, Суринам и Виетнам во борбата против корупција.
Најголем напредок беше постигнат во 2021 година кога Северна Македонија го подобри своето рангирање за 24 места, стигнувајќи до 87-то место со оценка од 39 поени. Овој напредок се случи кога Љупчо Николовски беше заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси. Во 2022 година, земјата се искачи на 85-то место со оценка од 40 поени, а во 2023 година напредуваше на 76-то место со 42 поени.
Денеска со новиот извештај на Транспаренси, Северна Македонија доживеа значителен пад од 12 места, па сега е на 88-то место со 40 поени. Овој пад во рангот и намалување на индексот е разочарувачки, бидејќи покажува дека не постои вистински напредок во решавањето на основните проблеми. Нашата држава сега ја дели 88-та позиција со земји како Казахстан, Суринам и Виетнам, што дополнително го нарушува угледот на земјата и укажува на сериозни недостатоци во антикорупциските политики и имплементацијата на реформите.