Обвинителот Пановски за последните обвинувања на „Ла Верита“: Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, и обвинителот во јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски, велат дека тврдењата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 се „чиста шпекулација“.

„Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај. На пример, обвинителката Вилма Рускоска во тоа време воопшто не беше шеф на обвинителството за гонење организиран криминал за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот“, вели за „360 Степени“ обвинителот Наум Пановски.

Рускоска е избрана за шеф на ова обвинителство во ноември 2018 година, а постапувањето на институциите за случајот започнува кон крајот на 2017 година. Исто така, велат дека Управата за финансиска полиција веќе детално јавно го образложила постапувањето во случајот.

И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагaта за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник „Ла Верита“.

Според весникот што прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“, обидот на луѓето од политичко-судскиот врв истрагата, во политичкиот дел, да заврши со обвинение само против Фросина Ременски, која како пратеничка на СДСМ беше и почесна претседателка на хуманитарната организација Меѓународен сојуз, нема да успее. Токму преку оваа невладина организација на Боки 13 поминуваа парите од многубројните активности за изнуда, пишува „Ла верита“.

„Во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, во банката била придружувана од двајца претставници на Меѓународниот сојуз, кои ја земале целата сума и потоа исчезнале со парите. Во овој случај, официјално под истрага се таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународен сојуз.

Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност, пишува весникот. „За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање, сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето пд 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, пишува италијанскиот весник.

Според информациите на Гајзер, а и од сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Рускоска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите.

„За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага. Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите. Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e