Обработени 98,61 проценти: „За“ гласале 91,48, „против“ 5,64 отсто

Резултатите што ги објави изутринава Државната изборна комисија на својата веб страница од вкупно обработените 98,61 процент од избирачките места, покажуваат дека на референдумското прашање гласале „за“ 91,48 проценти или 605.016 граѓани, а против се изјасниле 5,64 проценти или 37,312. Неважечки биле 2,88 проценти.

Според овие податоци, на гласање излегле 661.393 гласачи или излезноста 36,87 проценти.

На последната прес-конференција на ДИК, претседателот Оливер Дерковски најави дека ДИК во законски предвидените рокови во текот на денешниот ден ќе ги објави и првите официјални резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e