Новинар во 1ТВ: Неретко во насоките за како да изгледаат вестите учествуваше и Боки 13

Работевме на актуелни вести во текот на денот, иако неретко во насоките за како да изгледаат вестите учествуваше и господинот Бојан Јовановски, рече сведокот Христијан Баневски, сведок во Рекет и поранешен новинар од 1ТВ.

„Јовановски од мене побара да направам најава дека ние како телевизија ќе направиме испитувања на води, насоки кои господинот Јовановски сакаше да ги нагласам во најавата. Побаравме информација кога тоа ќе се објави, но тоа не се случи. По најавата, флаша Пелистерка стоеше пред мене, рекламите во најголем број беа од Пелистерка, а јавноста се интересираше до каде е испитувањето. Бев повикан во канцеларијата на Јовановски каде имаше уште едно лице чиј идентитет не го знам и ми кажа дека била фирмата „Адрија“ која не работела незаконски, дека во зградата каде што живеел има штаб на политичка партија, што за мене беше интересно за истражување”, рече Баневски.

Тој рече дека Јовановски повеќе бил заинтересиран дали сопственикот бил уплашен.

„Го прашав Јовановски дали го рекетира човекот, тој ми рече дека телевизијата мора да живее од нешто. Јас реков дека ќе си одам, па откако ми рече дека нема да ја следам сторијата и така останав таму“, истакна сведокот.

Баневски на прашање на адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, што е спорно ако се најавило испитување на води, тој рече дека новинарска пракса е нешто кога е најавено, треба да биде објавено.

„Во моја пракса се што сум најавил било објавено, но без школски пример за рекетирање. Откако најавивме испитување, што не го направивме, Пелистерка стана спонзор во 1ТВ. Голем дел од рекламите на Пелистерка беа повлечени од други телевизии за да бидат пренесени кај нас”, рече Баневски.

Судијката пак, го опомена адвокатот Дуковски дека преминал во непријателско испитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e