Николовски: Фирми блиски до власта незаконски добиле тендер вреден 25 милиони евра

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на пресконференција оддржана пред министерството обвини со документи, дека фирми блиски до власта добиле тендер вреден 25 милиони евра.

“Денеска обелоденуваме уште еден скандал во рамките на МЗШВ.

Тендер политиките на наградување на своите миленици од страна на властанемаат крај.

До денес не ни е доставен одговор на нашето барање за увид во документацијата каде нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и„Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12.12.2015 година преку Бирото за јавни набавки објавилооглас за изградба на брана РечанинаОризарскарека – општинаКочани.

ВоЗаконотзајавни набавки во членот 26-а, став 2, постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на Република Македонија.

Одобрението од Владата е добиено на 29.03.2016 година, 3,5 месеци после објавувањето на огласот.

На 28-ми октомври министерот Цветков ја потпишува одлуката за најповолна понуда за изградба на брана Речани на Оризарска река, општина Кочани, во висина од 1.593.378.335 денари или 25.908.590 евра каде што јавната набавка ја добиваат СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ Кратово и ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.

Прашуваме, зоштонемамедобиено никаков одговор на нашето барање за увид во тендерската документација?

Зошто е објавентендер, бездабидеобезбеденоодобрениетоодВладата?

Ги повикувам веднаш Државната комисија за спречување на корупција, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки и истраги!

За потсетување на јавноста, фирмите на кои им е доделен тендер од 25 милиони евра се во директна врска соглавните медиуми кои ја поддржуваат власта на фамилијата и на обвинетиот Никола Груевски.

За сите криминални политики, ќе има одговорност. Секој што работел спротивно на законот ќе одговара”, изјави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e