Николовски: За прв пат воведуваме авансна исплата на субвенциите

-Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој за прв пат воведуваме авансна исплата на субвенциите од оваа година. Исто така за прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во вечерашнот гостување во Дневникот на Тв Сител.
Тој информираше дека младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра, а се отвара можност и за кофинансирање на зелена нафта до 100%.
-Преку ребалансот обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд поддршка и за есенска сеидба, поддршка за производство на стратешки култури, зголемена поддршка за заклани јагниња, гоеници и несилки, како и поддршка за млекото и вино, појасни Николовски.
-Интересот кај земјоделците е голем и токму затоа очекуваме постигнување на нашата зададена цел. Како што пред 3 години успеавме да го зголемиме произвидството на јачмен, ќе успееме и сега да го дуплираме производството на сончогледот, пченката и пченицата, а со тоа и да ја намалиме увозната зависност, порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e