Николовски во интервју за “Капитал”: Како Влада ќе посветиме сериозно внимание на стратешки извозните производи

Овие изминати три месеци превземавме низа мерки, решенија и измени на закони, се со цел да земјоделството тргне во нагорна линија.
Претходната власт ги имаше речиси истите механизми и финансии, но она што го затекнавме од нивното владеење, со испразнети службени кредитни картички со народни пари, за разни луксузирања по скапи бутици, кафеани и дискотеки.

Главниот приоритет на Владата е зголемување на земјоделските површини, приносот и квалитетот на земјоделските производи, што ќе доведе до поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделство, вели во интервју за Капитал, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

22007966_2041331509421711_3170622177123941981_n

“Нашата интенција како Влада, е целосно искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор, преку зголемување и окрупнување на земјоделските површини и приноси, што ќе значи и поголеми приходи за семејствата кои се занимаваат и егзистираат од земјоделството.

Како Влада ќе посветиме сериозно внимание на стратешки извозните производи, кои носат поголем девизен прилив, и со кои ќе го намалиме трговскиот дефицит.
За нас како мала економија, е најважно да имаме конкурентно земјоделско производство, конкурентни производи на странските пазари, а тоа се постигнува преку намалување на производните трошоци, односно кога земјоделците ќе имаат поефтина нафта, семе, ѓубрива и заштитни средства, а субвенциите ќе ги добиваат навреме, за истите да имаат развоен карактер.” – потенцира министерот Николовски.22008041_2041381459416716_3349203917222219752_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e