Николовски се сретна со претседателот на Судскиот совет: Взаемна соработка и поддршка во борбата против корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска оствари средба со претседателот на Судскиот совет Киро Здравев на која заеднички ја потенцираа важноста од взаемната соработка и поддршка во борбата против корупцијата и криминалот.
„Владата на Република Северна Македонија ја цени независноста на судството и тоа претставува наш врвен приоритет. Од особена важност е градење на политики во насока на зголемување на независноста, ефикасноста и капацитетите на судскиот совет и судската власт во целина.“ – порача Николовски по средбата.

„Ќе воспоставиме транспарентна и отворена комуникација како и размена на информации со цел навремено и ефикасно решавање на предметите на граѓаните.“ – рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e