Николовски од „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци: Историска поддршка за лозарите и винариите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на традиционалното Карневалско дефиле по повод Тиквешки гроздобер во Кавадарци.

306314725_621247632702410_8815309857396068674_n-Нашето македонско грозје, македонските сортни вина се препознатлив печат на нашата земја во светот. Поддршката што како министерство ја даваме за лозарите и винариите е историска, преку зголемување на откупната цена на грозјето за 30%, рече министерот Николовски оттаму.

306275299_621247406035766_7117765668367991899_nТој, исто така, потенцираше дека Република Северна Македонија е втора во регионот по извоз на вино, а 29 во свет.
-Ова е доказ за успешните мерки и политики што како министерство ги водиме. Нека е со среќа гроздоберот. Посакувам кошни полни квалитетотно грозје од кое ќе се произведе квалитетно македонско вкусно вино, надалеку прочуено, и извезено низ целиот свет, порача Николовски.

305816262_621247509369089_5093221114970104047_n 305840339_621247432702430_6347257487870302008_n 305807156_621247352702438_347148626934052753_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e