Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски денеска учествува на работилница во рамките на проектот “Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатски промени”, кој се спроведува со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – #ФАО.
Во рамки на работилницата министерот имаше свое обраќање пред учесниците на тема “Интегрирање на политики за адаптирање кон климатските промени во Македонија”.