Николовски на меѓународниот саем „Зелена недела“: Среќен сум што можеме како држава да се претставиме со наши традиционални производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од 19 до 21 јануари 2023 година заедно со делегација на Министерството е во работна посета на Берлин, каде што ќе учествува на 15-тата Берлинска конференција на министрите за земјоделство 2023, која се одржува во рамки на меѓународниот саем за земјоделство „Зелена недела“.
Nikolovski„Меѓународниот саем „Зелена недела“ кој се одржува по 87. пат, и на кој земаат учество повеќе од 1.000 излагачи од над 60 земји во светот, претставува еден од водечките и најтрадиционални саеми за храна, земјоделство и хортикултура. Среќен сум што на еден ваков Саем можеме како држава да се претставиме со десетина компании, пред се со мали производители на традиционални производи.
Nikolovski'Значајна е улогата на саемите во промоцијата на нашето домашно производство на нашите квалитетни домашни производи и пијалоци. Како министерство остануваме посветени во целокупната поддршка за промоција и препознатливост на нашето македонско, ширум светот.“, рече Николовски.
Nikolovski2zelena agenda

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e