Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД програмата е највисок приоритет на Владата

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на конференцијата за официјалното завршување на твининг проектот “Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, проект кој што е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија.

22339409_2046156462272549_2428094031101992915_o

На конференцијата беа презентирани резултатите од твининг проектот и понатамошните чекори.

Твининг проектот финансиран од Националната програма ИПА 2011-та година се спроведуваше во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а твининг партнери  беа Агенцијата за претприемништво на Холандија,  Агенцијата за земјоделски регистри и информации на Естонија, Земјоделскиот истражувачки центар на Естонија и Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Република Словенија. Целта на проектот беше да придонесе кон поефикасна реализација на ИПАРД 2 Програмата, како и поголемо искористување на финансиските средства од ИПАРД Програмата.

22338750_2046156412272554_6039748996544665250_o

Една целите на проектот беше да и се даде поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во процесот на реакредитација на постоечките мерки односно на мерките: „Инвестиции на физички имот на земјоделски стопанства“, „Инвестиции на физички имот за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“, „Диверзификација на фарми и развој на бизнисот“ како и мерката „Техничка помош“. Но, покрај поддршката за овие мерки, твинингот помогна и за подготовка на акредитациските пакети за мерките: „Спроведување на стратегии за локален развој – ЛИДЕР пристап“, „Инвестиции во руралната инфраструктура“ и „Поддршка на советодавните услуги“ кои треба да се акредитираат во следниот период.

22291534_2046156455605883_3665388524314342237_o

Исто така, твининг проектот придонесе и во зајакнување на административните капацитети на Агенцијата,  како и во поддршка во програмирањето и спроведувањето на новите мерки.

„Искористувањето на средствата од  ИПАРД  програмата е највисок приоритет на Владата на Република Македонија и веќе се преземени соодветни мерки за зголемена  апсорбција на ИПАРД 2 средствата како што е  воспоставувањето на гарантниот фонд, кој ќе им помогне на корисниците за предфинансирање на инвестициите. Воедно интензивно се работи и се ангажираат меѓународни експерти за подигнување на ефикасноста на советодавните услуги  и капацитетите во Платежната агенција. Исто така изготвен е акционен план за зајакнување на административните капацитети и зголемување на јавната свест за придобивките од ИПАРД мерките. Македонија има голем природен потенцијал за квалитетно и конкурентно земјоделско производство, но за комплетно искористување на овие потенцијали и поголеми ефекти, од особена важност е едукацијата на земјоделците за значењето на мерките од ИПАРД Програмата. Мерки,  кои ќе помогнат во доближувањето на македонското до европското земјоделство и во создавањето на конкурентни производи со висока додадена вредност3, изјави министерот Николовски.

22382090_2046156415605887_3152223783208608956_o

Амбасадорот на Република  Словенија Милан Јазбец, порача дека институциите треба да се способни да ја подготват потребната документација, да ги спроведат регуларно процедурите и да овозможат средствата да дојдат до вистинските корисници.

22382523_2046156408939221_4339343930392798745_o

„Не е важно само да се дојде до парите, туку многу побитно е како тие правилно да се искористат“,  потенцира Јазбец, додавајќи дека е клучно да се научи како да се направи добар проект.

Според директорот на Платежната агенција на Словенија Бенедикт Јеранко, Македонија е на прав пат.

„Треба да се зајакнат одредени административни капацитети, но можностите секако ќе се подобрат. Европските процедури се релативно комплицирани и тоа го почувствуваа сите земји- кандидати за членство во ЕУ“, изјави Јеранко.

Според Андри Ван Менс од Холандската амбасада, македонското земјоделство има голем потенцијал, но за негово искористување од особено значење е улогата на Платежната агенција. Таа мора да има капацитет за повлекување на средствата од ЕУ- фондовите.

„Не е важно само колку ефикасно ќе се искористат европските пари во Македонија, туку и начинот на целиот процес треба да биде транспарентен“, изјави  Ван Менс.

Директорот на македонската Платежна агенција Николче Бабовски, информира дека досегашните ревизии на Брисел за искористувањето на ИПАРД- средствата во земјава покажаале дека, како што истакна, не сме на задоволително ниво.

„Резултатите од ревизијата допрва ги очекуваме. Затоа се и овие проекти, за да ги усвоиме искуствата на другите земји, да ги подобриме административните капацитети и да реализираме поголема апсорпција“, подвлече директорот, додавајќи дека неопходни во целиот процес се кадровскиот капацитет и усогласувањето на македонското со европското законодавство.

Твининг- проектот за јакнење на Платежната агенција се спроведуваше 22 месеца со финансиска поддршка од ЕУ во износ од 1,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e