Николовски го најави НАЈГОЛЕМИОТ БУЏЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ДОСЕГА – 12 милијарди денари за 2023

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа предлог-буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Во следната година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика. Ја започнуваме историски најголемата реформа која е поддржана со историски најголем развоен буџет, бидејќи земјоделците и фармерите го заслужуваат тоа.“, рече Николовски.

05122022_pvrsm_kovacevski_nikolovski_pres_4

Како што информираше министерот Николовски, Буџетот за секторот земјоделство за сите програми за 2023 година е 12 милијарди денари и е поставен на 5 клучни столба и тоа:

-Реформите во земјоделството, односно новиот модел на субвенционирање

-Малите семејни бизниси и нивниот понатамошен развој

-Капиталните инвестиции особено во водостопанството и системите за надовнување

-Зелена транзиција

-Модернизација на земјоделството, која доаѓа првенствено преку ИПАРД 3

318329890_682834359877070_6611861276265810247_n

Обезбедуваме историски најголем Буџет за земјоделството од околу 12 милијарди денари, што претставува значително зголемување споредено со 2022 година. Во следната година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика, ги започнуваме најголемите реформи во земјоделството бидејќи земјоделците тоа го заслужуваат.

Буџетот за 2023 е поставен на 5 клучни столба:
1️⃣ Обезбедени се над 7 милијарди денари за најголемата реформа во историјата на земјоделство, новиот модел за субвенционирање и авансна исплата на субвенциите.
2️⃣Поддршка на малите производители на храна и малте винарии со буџет од по 35 милиони денари, како и поддршка на земјоделските задруги.
3️⃣Најголемата сума од буџетот на #МЗШВ во износ од 884,9 милиони денари е наменета за капиталните водостопански проекти. Ги продолжуваме и завршуваме проектите и во 2023 година, браната Конско, Речани и Равен и изградба на трета фаза од Јужновардарска долина. Веќе се завршени Чаушица, Славишко поле, Пишица, и Зајас, а во 2023 продолжува изградбата на малите ХС Конопница и Теарце.
4️⃣Ставаме фокус на зелената транзиција, пошумувањето е наша главна цел за 2023, преку 25 милиони денари за програмата за проширена репродукција на шумите.
5️⃣ Петиот столб е модернизација во македонското земјоделство, кој што доаѓа пред се со ИПАРД 3 програмата и зголемен буџет од 62% европски средства, и со проектите со Светска Банка и изградба на 3 откупни центри во Ресен, Струмица и Скопје.
Наша цел е да имаме повеќе домашна храна, да бидеме увозно независни, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци. Токму тоа и го постигнуваме со овој развоен, домаќински креиран буџет, без непотребни трошоци и со вклучени мерки за штедење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e