Николовски со добра вест: За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот

Нашата упорност даде резултат. За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, и веќе на терен големите откупувачи склучуваат анекси на договорите со тутунарите, сподели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Уште од самиот почеток на бербата и откупот посветено ги менаџираме разговорите меѓу откупувачите и тутунарите. Ги користиме сите можности како да достигнеме фер цена која ја почитува маката на тутунарите. Покрај фер цена наша главна цел е и развој на тутунопроизводството. Како министерство оваа реколта за 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи предаден тутун, и креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун, дециден е Николовски.
Рече дека веќе утре во Прилеп заедно со откупувачите имаат нов состанок на кој ќе разговараат за мерките што би значеле развој и одржливо производство на тутун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e