Николовски и Бочварски од Деве Баир: Царинскиот терминал затрупан во снег и е надвор од функција

Царинскиот терминал на Граничниот премин Деве Баир веќе неколку недели е затрупан во снег. Товарните возила при вршење на царинските формалности, наместо во терминалот се упатуваат на самата сообраќајна лента и се прави хаос во сообраќајот во период кога фреквенцијата во патничкиот промет е зголемена поради зимските одмори.

Оваа слика е веќе иста во изминативе 10-тина години. Надлежните институции дигаат раце и се молат да дојдат потопли денови и снегот да се стопи.  Поради ваквиот несериозен однос на одговорните, државата секојдневно губи финансиски средства од тоа што терминалот е надвор од функција, бидејќи на секое возило при излез од терминалот му се пресметуваат давачки кои одат директно во касата на државата.

Покрај ова, се отежнува и работата на царинските службеници, граничните инспекции и останатите помошни служби.

15977832_10207616286596825_834137612764093334_n

Денес, на лице место да ја увидат фактичката состојба беа пратениците од СДСМ, Љупчо Николовски и Благој Бочварски.

Еве што напиша Николовски на својот фејсбук профил:

“Денес бевме во посета на Деве Баир. Првата слика на влез во државата е затворениот и празен терминал. Дел од државните органи немаат греење, хартија и никакви услови.

Промените започнуваат со тоа што институциите ќе ги имаат сите услови за работа.

И ќе работат во функција на граѓаните!”

16195048_10207616287516848_7861795745329882661_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e