Николовски: 2023 ќе биде година на многу новитети и промени во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски утрово имаше чест да се обрати на “Конференцијата за паметно земјоделство, иднината на земјоделството и руралниот развој”, проект организиран од Земјоделскиот Институт, со финансиска поддршка од ЕУ.
Nikolovski1Николовски потенцираше дека дигитализацијата и воведувањето на модерните технологии е една од најважните активности на современото земјоделско производство.

„2023 ќе биде година на многу новитети и промени во земјоделството. Во Програмата за рурален развој за прв пат воведуваме поддршка за модернизација на земјоделски стопанства во рамки на мерката 121, каде промовиравме нова подмерка за #СМАРТ земјоделство. Новите трактори, комбајни, и приклучна механизација се нудат во продажба со или без дополнителна опрема за навигација за изведување на сите операции кои се применуваат во земјоделството. Праксата покажува дека технологијата што се поддржува преку подмерката СМАРТ земјоделство ги намалува трошоците дури за 30% со што земјоделскиот производ го прави конкурентен на домашниот и светскиот пазар, а се врши оптимизација на производството“, истакна Николовски.
Nikolovski2„Глобалните трендови укажуваат дека технологиите и дигитализацијата се иднината во земјоделството, затоа ние ќе продолжиме да инвестираме и да вложуваме во модерно, и конкурентно земјоделство. Ве повикувам заедно, со цела стручна и научна фела, да покажеме и докажеме дека дигитализацијата е иднината на современото земјоделство“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e