Неделава има продолжен викенд, следниот неработен ден е во август

Претстојниот петок е 21 јуни – Духовден, а тоа значи уште еден споен викенд за граѓаните од православна вероисповест.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ: 02 август (петок) – Ден на Републиката, 8 септември (недела) – Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок) – Ден на народното востание, 23 октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (недела) – “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

21 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e