Во врска со денешното означување на почеток на реконструкција на граничниот премин Деве Баир, пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски ги потсети актуелните власти, кои денеска побрзаа да се сликаат и фрлат лопати, дека тие немаат никаков учинок во овој проект.
“Во 2017 година североистокот доби своја визија и влијание и реализиравме и обезбедивме многу историски проекти.
Добро е кога истите се продолжуваат а уште подобро е да се обезбедат нови проекти што за жал не е случај.
Но не е искрено и чесно од ДПМНЕ кога се сликаат на проект за модернизација на Деве Баир а немаат никаков учинок за истиот и се китат со туѓи заслуги.
Уште повеќе, кога ги стопираш проектите за овој регион за кои сме се избориле и во недостиг на идеја и визија ги користиш за лична промоција проектите што започнуваат или завршуваат и кои се дел од визијата и фокусот на некој друг за овој запоставен регион претходно.” – напиша на Фејсбук, Николовски.
