НАТО Академија-Јанковиќ: Благодарност до Владата за доброто лидерство и брзината во спроведувањето на реформите за НАТО членството

НАТО и улогата на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје“ беше темата на денешното онлајн предавање на НАТО Академијата 2020 од страна на шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Зоран Јанковиќ, чија улога е воспоставување врски со националните власти на Република Северна Македонија во согласност со насоките содржани во условите за работење и мисијата на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје.

Како што соопштија од Евро-Атлантски Совет на Македонија Јанковиќ говорел за структурата на НАТО, политика, операции и начин на донесување на одлуки во НАТО, како и за членството на Република Северна Македонија во Алијансата.

За време на обраќањето, шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје изразил благодарност до Владата на Република Северна Македонија за доброто лидерство и брзината во спроведувањето на реформите во насока на НАТО членството на државата. Јанковиќ го потенцирал и огромниот придонес на државата во НАТО мисии и операции како што се ИСАФ мисијата и од неодамна мисијата КФОР.

Тој, исто така, посочи дека мисијата на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје вклучува советување на државните власти во врска со одбранбените аспекти на реформите во безбедносниот сектор и НАТО членството, со цел придонесување кон понатамошно евро – атлантско интегрирање на државата, но и пружање поддршка на операциите предводени од НАТО во Балканот.

Ги споменал и најважните моменти што придонесоа кон тоа НАТО да ја видоизмени својата поставеност на меѓународната сцена и да се реформира во согласност со новонастанатите предизвици. Наведе настани како што се Студената војна, интервенциите во Унгарија, Кубанската криза, паѓањето на Берлинскиот ѕид, настаните од 11 септември и анексијата на Крим.

Шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Зоран Јанковиќ, меѓу другото нагласил дека моменталната КОВИД-19 пандемија несомнено влијаеше на пристапот на НАТО како организација и придонесе кон поблиска соработка на Алијансата со Европската Унија во борбата против пандемијата.

НАТО Академијата 2020 вклучува 45 студенти и млади професионалци, државјани на Република Северна Македонија, од 16-35 години, од различни Универзитети и институции во државата и од странство.

Овој проект е поддржан од НАТО секторот за Јавна дипломатија, а минатата недела, НАТО Академијата официјално ја отвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e