Најголема излезност до 15 часот во Сарај, најмала во Ново Село

Најголема излезност на референдумот до 15 часот има во општина Сарај, каде што на гласање излегле над 11 илјади луѓе, односно над 36 проценти од регистрираните избирачи. Во Центар гласале над 15 илјади луѓе, односно скоро 35 отсто од запишаните избирачи, во Карпош над 17 илјади луѓе, односно над 32 отсто. Излезност од над 30 отсто имало уште во Крива Паланка и во Липково.

Најмала излезност, пак, има во Општина Ново Село, каде што до 15 часот гласале над 1.100 луѓе, односно под 10 проценти од запишаните избирачи. Ниска излезност има и во Босилово со 11,44 отсто, Зрновци со 11,45, Илинден со над 10 отсто, Могила со под 12 отсто и Старо Нагоричане со 12,5 проценти од запишаните избирачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e