МЗШВ со најголем напредок во однос на Индексот на отвореност – Николовски изрази дека е горд!

Актуелниот пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и ексминистер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски изрази задоволство што ова министерство е една од трите најотворени институции.
– Горд сум што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го постигна најголемиот напредок во однос на Индексот на отвореност, позиционирајќи се на второто место меѓу сите институции.
Анализата на податоците на Индексот на отвореност, поделени по четири категории ( транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност) спроведено од Фондацијата Метаморфозис покажува дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство достигнува висока оцена.
Овој успех следува како резултат на нашата досегашна континуирана посветеност за унапредување на транспарентноста и отвореноста во работата, објави Николовски кој беше на чело на ова министерство.

Резултатите може да ги погледнете на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e