МВР: После 11 години Специјалната полиција ќе ја добие потребната спортска опрема

Од МВР посочија дека припадниците на Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и Посебната единица за поддршка од денеска веќе ја користат комплет опремата, која опфаќа по 1.500 парчиња спортски патики, комплет дресови, комплет тренерки и спортски јакни, зимски спортски ракавици и спортски торби, за кои била реализирана предметната јавна набавка.

– Концептот за унапредување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, како и подобрување на нивната социоекономска позиција е меѓу највисоките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерна, опремена, професионално подготвена, но и задоволна полициска служба, согласно сите европски полициски стандарди, истакнаа од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e