МТСП открива кој живеел во станот во Скопјанка каде беа евакуирани жители

До јануари годинава во станот 11 во скопски Аеродром, каде вчера беа евакуирани граѓани поради непријатна миризба, живееле две жени, 90 годишна мајка и нејзината ќерка која има 65 години и во изминативе месеци живеела сама.

Ова го соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената, а во однос на социјалниот аспект констатирано е дека таа има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката.

„Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот.

Со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да обави разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. ЦСР Скопје и во иднина ќе го следи случајот“, посочуваат од МТСП.

Надлежните досега не постапувале ниту илегувале на терен во врска со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e