МНР нема информации за настрадани македонски државјани во Италија

По повод силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија,Министерството за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

МНР убедува дека Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

“За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија” -брифираат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e