Николовски го честита денешниот празник: Со почит и сеќавање на сите борци за слободна Македонија, ние продолжуваме понатаму!

„Денешниот празник 11-ти октомври – Денот на востанието на Република Македонија, е вечен симбол на македонската борба за слобода. На овој ден е поставен еден од темелите на македонската државност. Денеска оддаваме почит на нашите предци, на борците во антифашистичката борба, на нивната храброст и учество во народноослободителното востание, кои го дадоа својот живот за подобро утре.

Секоја генерација има свој придонес во историјата на една земја. Со почит и сеќавање на сите борци за слободна Македонија, ние продолжуваме понатаму. Се бориме за подобар живот и светла иднина за сите следни генерации. Нека ни е честит денешниот празник!“ – напиша министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Љупчо Николовски на својот ФБ профил по повод денешниот празник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e