Милошовски: Шекеринска се луксузира со морски плодови од 80.000 евра, а за војниците нема мрднато со прст

Шекеринска пред само 10-ина дена изврши набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана. Тој луксуз граѓаните ги чинеше дури 5.000 евра, изјави Милош Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега на електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи Радмила Шеќеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952 денари, односно околу 80.000 евра. Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст“, вели Милошосвски.

Тој додаде дека со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за брзо време ќе ја испразнеле државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот.

„ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно го предупреди Заев и неговата недомаќинска влада да престанат да се однесуваат расипнички и да ги трошат парите на граѓаните за да ја задоволат сопствената жед за луксуз и комотен живот. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа неодговорната политика на неспособна влада на СДС и Заев. Поради негрижата, неспособноста и неодговорноста граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Зоран Заев и СДС. Граѓаните ќе му кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и екипата околу нив“, нагласи Милошосвски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e