Мијалков се подготвувал да го распродаде имотот во Македонија и да бега – разговор во Студио 1

Синоќешното апсење на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и азилот на екс премиерот Никола Груевски остануваат во фокусот на вниманието.

Судскиот известувач на 1ТВ Игор Стефановски објаснува дека неофицијално, според нашите извори, во решението на Кривичен за притворот е наведена зголемена околност тој да тргне во бегство. Ова поточно подразбира, неофицијално, оперативни сознанија дека тој се подготвува за бегство, односно дека се подготвува да го продаде огромниот имот во Македонија и со семејството да замине од земјава, дали во Чешка или во друга земја.

Неколку извори за 1ТВ велат дека Мијалков е сместен во притворско одделение во Шутка со уште неколку лица, откако хашките келии ги добија обвинетите за случајот „Империја“.

Неговите адвокати реагираат на тоа дека екс шефот на УБК е приведен без распит пред истражен судија, според европската пракса, а дури и дека информацијата за притворот ја дознале од екипата на 1ТВ.

-Денеска го добивме решението за одредување на мерка притвор, во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Одбраната смета дека без да се повика и да се сослуша обвинетиот за предлогот за одредување на мерка притвор дека е недозволиво таа да се одреди. Законот за кривична постапка точно наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и по неговата изјава да биде одредена мерка притвор доколку постојат услови, изјави Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков.

Тема во Студио 1 беа и последните настани во Собранието околу предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на обвинетите за упадот на „27 април“, како и загадувањето на воздухот.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e