Мицковски нема да гласа – ова е најновиот став на ВМРО ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да гласа на референдумот за името. Од партијата велат дека Мицкоски смета дека прашањето за референдумот е повеќезначно и манипулативно.
„Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што претставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор“, вели Наум Стоилковски, портпарол на најголемата опозициска партија.

Тој додава дека Мицкоски е против промена на името и против договорот кој е за понижена Македонија. Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес.

На прашањето до Стоилковски дали ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум, Стоилковски вели дека законот е јасен што значи успешен референдум.

„Доколку согласно закон излезат над 900 илјади гласачи од кој повеќе од половина би гласале за договорот тоа би преставувало волјата на народот која мора да се почитува, но воедно секој резултат под овој законски минимум ќе преставува неуспех за власта и неприфакање на договорот, но воедно и обврска власта да ја почитува волјата на народот и да се повлече од договорот“, вели Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e