Мицкоски: Заев не ги прифаќа предлозите на опозицијата бидејќи СДСМ се плаши и ги штити криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за Законот за јазиците, заедно со забелешките од Венецијанската комисија, за еден неуставен закон да стане уставен, изјави на денешната прес конференција лидерот на опозицискаа ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Очекуваме поддршка од Заев. Нека прифати за законот да биде применлив, уставен и недискриминирачки. Забелешките на Венецијанската комисија мора да се почитуваат доколку како држава сакаме да сме дел од ЕУ”, истакна Мицкоски.

Тој потенцира дека содржината на амандманите ќе биде објавена веднаш штом бидат поднесени.

“Доколку сакаме владеење на правото, а не да правиме компромиси со Уставот за сметка на политиканството, тогаш сите политички партии треба да ги поддржат амандманите кои ќе ги поднесеме. Не можеме да бидеме со двојни стандарди пред граѓаните. Ајде да направиме и да ги поддржиме овие амандмани. Да го направиме овој закон согласно Уставот и забелешките од Венецијанската комисија” рече Мицкоски.

Тој смета дека премиерот Заев не ги прифаќа предлозите на опозицијата бидејќи СДСМ се плаши и ги штити криминалот и корупцијата. Мицкоски повторно повика Заев да го прифати законот со кој политичарите нема да можат да бидат амнестирани, како и да се испита потеклото на имотот кој тие го имаат.

“Имаме коцкање со државните и национални интереси. Владата на Заев стана заложник на своите неуспеси. Без многу голема промисленост и само со една цел а тоа се повеќе лични бизниси. Затоа државата е влезена во слепа улица. Заев за само десет дена излезе дека брани и штити амнестија и не сака проверка на имот на функционери”, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e