Мицкоски во конфликт со Груевски?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не негира дека се скарал со експретседателот на партијата Никола Груевски. По низа информации кои протекоа во јавноста, Мицкоски прашан дали е вистина, за дел од порталите вели „Немам коментар“.

Никола Груевски е правосилно осуден на казна затвор и се чека да се јави на издржување на казната, а партијата ВМРО ДПМНЕ како да го премолчи ова реагирајќи на пониско ниво преку портпаролот Димче Арсовски, кој на прес конференција повтори серија флоскули околу распадот на правосудството.

Сите останати високи функционери на ВМРО ДПМНЕ јавно не излегоа да ја коментираат пресудата со која почесниот претседател и поранешна партиска икона се осудува на казна затвор.

Со недели наназад во политичките кулоари кружат информации дека односите меѓу партискиот претседател Христијан Мицкоски и поранешното раководство се целосно прекинати и практично повеќе не постојат.

Појавувањето на Груевски со статус ( напишан во 3 часот наутро ), во кој повикува ВМРО ДПМНЕ да не е уценето заради него, притоа сам релатизивирајќи го своето одење во затвор и претставувајќи се како жртва, а сето тоа додека целото ново партиско раководство молчи за казната затвор многумина го оценија како потврда на јавната тајна дека старото и новото раководство на ВМРО ДПМНЕ ги нарушило и целосно прекинало односите и немаат повеќе контакт.

Каде и заради што се разидоа Мицкоски и Груевски јавноста допрва ќе се информира и ќе анализира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e