Мицкоски порача дека нема да прави отстапки од законот за ЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од седиштето на партијата денеска порача дека нема да прави никакви компромиси во врска со нацрт-законот за јавно обвинителство, предложен од СДСМ, за кој оцени дека во повеќе наврати е спротивен со Уставот и имал за цел заштита на криминалот на Заев и луѓето околу него.

Мицкоски додаде дека се подготвени за преговори и оти ставовите и забелешките на партијата ќе бидат претставени на состанок на работните групи.
-Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат, рече Мицковски.

-Ние тоа нема да го дозволиме, и нема да наседнеме на очајничките обиди на власта во заминување да избегне одговорност. Ние нашите забелешки ќе ги доставиме и доколку власта е вистински подготвена да се откаже од своевидна амнестија и посакува независно обвинителство кое исто така нема да амнестира слуги на Зоран Заев, ќе ги доставиме и доколку навистина тие имаат чесна намера подготвени сме да седнеме и да преговараме. И тоа веднаш кога тие ќе бидат подготвени да се откажат од оваа нивна цел, порача опозицискиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e