“МИЦКОСКИ НА ВЛАСТ И МИЦКОСКИ ВО ОПОЗИЦИЈА ОЧИГЛЕДНО НЕ СЕ ПОЗНАВААТ, тоа се двајца целосно различни луѓе” – Филипче до премиерот

Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Мицкоски на власт и Мицкоски во опозиција очигледно не се познаваат, тоа се двајца целосно различни луѓе, буквално го плукнавте секое ветување и секоја политика на која ја градевте кариерата и со која има се додворувавте на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Венко Филипче, на денешните пратенички прашања.

Филипче во прашањето до Мицкоски, рече дека тој како премиер го погази секое ветување дадено кон граѓаните.

“Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Ајде премиере, еве сега е шанса, во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами тоа и со гордост го изговараат. Истото лицемерие го видовме и со вашиот однос кон бугарските политичари. Пред изборите, Борисов го нарекувавте криминалец, човек што спие на злато. Сега веднаш побрзавте да му честитате за победата и да го фалите како „партнер“ за нашите европски аспирации. Она што до вчера беше обвинување, сега е честитка и „пријателски разговор““, рече Филипче.

При тоа, Филипче на седницата посочи дека не само што Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не исполнија ниту едно ветување и ја погазија секоја своја изјава во овие четири месеци, уште позагрижувачки е што во јавноста се уште не презентираа план за иднината на државата.

„Вие не покажувате, ниту план ниту стратегија ниту капацитет да ја извадите државата од ќорсокакот во кој ја втурнавте. За време на кампањата велевте дека ќе преговарате за подобри позиции, дека ќе ги исправите грешките на претходниците. А денес, го гледаме спротивното – Европа ни е подалечна од кога било“, порача претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e