Манчевски: Ултра брз интернет за сите граѓани по достапни цени

“Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата”, потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашаната трибина посветена на дигитализацијата.

Манчевски ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.

Дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.

“Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата” рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.

Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на Национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат на услуга ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. “Смарт сити платформа за сите градови”, најави Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e